Спортскиот директор на Баерн со жестока изјава: „Баш ми е гајле …“

Баерн Минхен доживеа шокантен пораз од Хајденхајм, откако имаше водство од 0-2 на полувремето, а на крајот загуби со 3-2, па сега не само што нема да ја одбранат титулата во Бундес лигата, туку им виси и пласманот на втората позиција, бидејќи Штутгарт има ист број на бодови со нив.

Единствената надеж за трофеј оваа сезона им е Лигата на шампионите, а таму во четвртфиналето за противник го имаат Арсенал, кој сеако како фаворит влегува во овој двомеч.

„Баш ми е гајле за потрагата по нов тренер. Сега се е насочено кон мечот со Арсенал. Играме против екипа која, со цел респект кон Хајденхајм, но е најмалку една класа над нив. Мора да направиме пресврт за да не добиеме уште една шлаканица.“ – рече спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл.

Оваа изјава на спортскиот директор предизвика гнев кај навивачите на Баерн Минхен, бидејќи според нив најголем виновник за лошите резултати е тренерот Томас Тухел и токму на изборот на нов тренер гледаат како на најважната работа за враќање на победничките патеки и освојување на нови трофеи.

- Оглас -

Најнови вести