29.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Спортскиот директор на ПСЖ: „Ако Дембеле се викаше Кристијано или Меси, немаше да има дилеми за Златната топка“

Златната топка за 2025 година ќе биде доделена на свеченост на 22 месецов, а како еден од главните фаворити се смета фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле. Сепак, спортскиот директор на Светците, Луиш Кампош, уште пред да се случи изборот најави дека нема да се согласи со изборот доколу тоа не биде токму Дембеле.

„Ако се викаше Кристијано или Меси, воопшто немаше да има дискусија. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер во Лигата на шампионите, избран за играч број еден во француското првенство и ги освои сите можни трофеи. Ако не го изберат, тоа би значело дека новинарите кои гласаат не се компетентни“, вели спортскиот директор на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести