Манчестер сити и трета сезона по ред во нокаут фазата од Лигата на шампионите за противник ќе го има Реал Мадрид. Минатите две сезони тоа беше во полуфиналето, а сега ждрепката сакаше тие повторно да се сретнат, но во четвртфиналето.
Минатата сезона „граѓаните“ дојдоа до трофејот отако претходно го елиминираа Реал, а претходната сезона тоа им успеа на фудбалерите на „кралскиот“ клуб, па ако се оди според традицијата, победникот од овој двомеч ќе ја освои Лигата на шампионите.
„Каква штета, ми здодеаја овие топчиња, секогаш исто. Ждрепката е иста како лани, само заменете ги Арсенал со Ливерпул. Ќе се обидеме да се сетиме што направивме минатата сезона. Реал има најмногу титули и континуитет во оваа фаза. Повторно ги сакаме сите три трофеи. Во ФА купот сме во четвртфиналето со Њукасл, во Премиер лигата заостануваме еден бод од врвот, во игра сме и во Лигата на шампионите. Имаме менталитет на победници за да го повториме тој успех.“ – рече спортскиот директор на Манчестер сити, Чики Бегиристаин.