Спортскиот свет нема дилеми – Голема глупост е забраната за руските и белоруските тенисери на Вимблдон (Фото)

Спортскиот свет се обедини со остри критики кон Англичаните и организаторите на Вимблдон да го забранат учеството на руските и белоруските тенисери на тенискиот гренслем што ќе се игра од 27 јуни со 10 јули.

Одлуката „мириса“ на политичка и е образложена како дел од санкциите кон Русија и Белорусија по инвазијата во Украина.

Но, наиде и на голем отпор и критики, најмногу со забелешки дека спортот и политиката не смеат да се мешаат.

На Вимблдон нема да играат Данил Медведев, кој е втор на АТП-листата, потоа и Андреј Рублев, осморангиран тенисер на светот, а ќе ја нема и Арина Сабаланка, која е во врвот на женскиот тенис, моментно како четврторангирана.

„Не можам да прифатам ваква одлука, чисто политичка. Знам што ми се случуваше мене во Мелбурн, кога ми беше забрането да играм на Отвореното првенство на Австралија“, коментираше Новак Ѓоковиќ по одлуката на британските власти да им забранат на руските и белоруските тенисери и тенисерки да играат на Вимблдон.

 

Новак ja нарече „луда“ одлуката да им се забрани настап на Медведев и останатите руски и белоруски тенисери и тенисерки на Вимблдон, а има уште илјадници коментари во таа насока на социјалните мрежи со поддршка на Медведев и останатите, кои нема да играат на гренслемот во Лондон.

На вкупно 19-мина тенисери и тенисерки им е забрането да настапат на Вимблдон.

https://twitter.com/DrEliDavid/status/1516900111716163587?s=20&t=L5mdMpyKg7RcvcA3fq0Lxw

- Оглас -

Најнови вести