35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Спортските новинари немаат дилеми, годинава најдобар е Меси

Фудбалерот на ПСЖ и на аргентинската репрезентација Лионел Меси, како и шпанската фудбалерка Алексија Путелјас, се прогласени за најдобри спортисти за 2022 година во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС).
Во гласањето учествуваа вкупно 420 спортски новинари од 113 држави.

Меси победи во гласањето за спортист на годината со освоени 962 бода, додека далеку зад него на второто место, со 373 бодови, е светскиот рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис од Шведска, а трет е францускискиот репрезентативец и член на ПСЖ, Килијан Мбапе кој доби 366 бода. Петте најдобри спортисти за 2022 година ги комплетираат фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема (298) и унгарскиот пливач, Кристоф Милак.

Кај дамите, најдобра спортистка за 2022 година е фудбалерката Алексија Путелјас со 452 бода, пред американската пливачка Кејти Ледецки која освои 295 бода, а трета е светската рекордерка во трискок, Јулимар Рохас од Венецуела која освои 243 бода.
Меѓу првите пет спортистки, се уште две атлетичарки, светската рекордерка на 400 метри со пречки, Сидни Меклафлин (238) и спринтерката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс.

Во изборот за тим на годината доминираа фудбалските репрезентации. Најдобар тим е новиот светски шампион, Аргентина која освои 1.399 бода, втора е селекцијата на Мароко со 381 бод, а трета е Франција со 252 бода.

- Оглас -

Најнови вести