Спречен голем терористички напад во Берлин пред финалето на ЕП

Финалето на Европското првенство во фудбал во Берлин собра илјадници фанови, а неколку часа пред почетокот на натпреварот, спречена е огромна трагедија. Бил планиран голем терористички напад, конкретна цел биле фан-зоните преполни со навивачи на Англија, Шпанија, но и огромен број германски државјани, како и луѓе од цела Европа.

Германската полиција, за среќа, имала успешна реакција и го спречила во целост терористичкиот напад, а приведени се три лица.

„Лицата се познати од претходно на полицијата како припадници на Исламска држава и беа под постојан надзор“, соопштиле од полицијата, открива британскиот таблоид „Сан“.

- Оглас -

Најнови вести