Монако се зацврсти на второто место на табелата во француската Лига 1, откако со 3-1 го доби дербито со лидерот и актуелен првак Пари Сен Жермен.
Ова може да се каже дека е очекуван и „планиран“ пораз на Светците кои играа без повредените Мбапе и Меси, а во првото полувреме ги немаше во одбраната Хакими, Рамос и Кимпембе кои беа на клупа и тренерот Галтие ги чуваше за мечот со Баерн.
Но, откако по првото полувреме Кнезовите водеа со 3-1, Рамос влезе во игра, подоцна и Хакими и Кимпембе, па ако ништо друго, спречија потежок пораз. Нејмар и другарите во нападот беа немоќни да постигнат повеќе од еден погодок. Донарума имаше шест одбрани и истотака придонесе поразот да биде од „само“ два разлика.
Два гола за Монако даде Висам Бен Једер, кој во кариерата има девет голови против ПСЖ, и тоа е најмногу за еден фудбалер откако клубот од Париз го раководат Катарците.