Германскиот тенисер Александер Зверев се намачи, но на крајот се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако со 3:2 во сетови беше подобар од Лукас Клејн од Словачка. Клејн е дури на 163 позиција на АТП листата и требаше да биде „лесен залак“ за фаворитот, но дуелот траеше речиси пет часа и на Зверев му требаа пет сета за да победи.
Во првиот сет Зверев беше подобар со 7:5, за следните два сета му припаднат на клејн со 6:3, 6:4. Во четвртиот сет Зверев беше подобар во тајбрејкот со 7:6 (5), а и решавачкиот петти сет се одлучи во тајбрејк, а повторно Зверев беше подобар, овојпат со 10:7.
Од фаворитите се намачи и Каспер Руд, кој на крајот славеше против домашниот тенисер Макс Пурсел со 3:2 во сетови. Решавачкиот петти сет Руд го доби во тајбрејк и тоа со 10:7.
На женскиот дел од турнирот, најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек мораше да одигра три сета за да се радува против Американската Даниеле Колинс и тоа со 6:4, 3:6 и 6:4. Кај дамите, место во следната фаза обезбедија и Калинскаја, Носкова и Додин.