УЕФА го одреди Романецот Иштван Ковач за главен судија на вечерашниот реванш-дуел од баражот за осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, а историјата вели дека вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ загарантирана е голеада.
Ковач досега трипати делел правда на мечеви на Кралскиот клуб и на сите тие три меча имало по седум гола. Еден од нив беше против Манчестер сити, но на „Етихад“ во првиот полуфинален дуел во сезоната 2021/2022. Тогаш англискиот тим победи со 4-3. Граѓаните ги добиле сите мечеви кога им судел Ковач.
Потоа Ковач му носеше среќа на Реал при два спектакуларни пресврти. Најпрвин на гости кај Ливерпул, кога Реал победи со 5-2, а потоа и оваа сезона во лигашкиот дел против Борусија Дортмунд. И на овој меч, како и на оној на „Енфилд“, Реал губеше со 0-2, но на крајот победуваше со 5-2.
Инаку, квотата во Sport Life за 7+ голови е феноменална, 8.25. Треба да се знае и дека кога овие два тима играле во Мадрид, никогаш не било со 7 или повеќе голови, најефикасно беше лани, кога мечот заврши 3-3.