Спустот во Гармиш Партенкирхен откажан

Спустот во Гармиш Партенкирхен во машка конкуренција кој требаше да се одржи денес е откажан поради невреме. Обилните врнежи на снег и дожд, како и магла, ги оневозможи организаторите навремено да ја подготват патеката.

„Причините се едноставни, невремето не дозволува да се одржи спустот. Проблемот беше во силните врнежи дожд, потоа почна да паѓа снег, а сега има и магла. Патеката беше добра, но по снегот стана премногу леплива и мека, и не е безбедна за скијачите“, истакна директорот на трката Магнус Вагнер.

- Оглас -

Најнови вести