Голманот на Челзи, Едуард Менди, е кандидат за најдобар голман во изборот на ФИФА, но е исклучително разочаран, како што вели самиот, од неодговорноста на луѓето од Светската куќа на фудбалот.
На официјалната фотографија што ја објави самата ФИФА, само Менди од вкупно пет голмани што конкурираат за вредното признание во 2021 година е без дрес на националната репрезентација.
„Два дена го гледам постот со фотографијата што го објави ФИФА и не можам да разберам зошто само јас не сум во дрес на мојата национална репрезентација. Не е фер кон Сенегал“, напиша Менди на „Инстаграм“.
Чуварот на мрежата на Челзи е во топ-5 кандидати што конкурираат за признанието најдобар голман во 2021 година.
И само тој не е во дресот на Сенегал на фотографијата што ја објави ФИФА. Сите останати, Каспер Шмајхел, Алисон Бекер, Џиџи Донарума и Мануел Нојер се со дресовите на своите национални селекции, Данска, Бразил, Италија и Германија.