Срам за италијанскиот фудбал или толку е силата? Три елиминации, и тоа од две екипи од Холандија и една од Белгија

Кога беа поставени двојките од плејофот во Лигата на шампионите, италијанските екипи ја добија улогата на фаворити за да се најдат во осминафиналето. Милан и Јувентус добија холандски ривали, и тоа Феенорд и ПСВ Ајндховен, а Аталанта играше двомеч против Бриж.

Сепак, тоа што е на хартија и тоа што се случи на теренот беше нешто сосема поинаку. Милан во двомечот со Феенорд прво загуби со 1:0, а потоа дома одигра 1:1. Аталанта му овозможи на Бриж по пауза од неколку децении да игра во осминафиналето на ЛШ откако белгискиот тим двапати победи, и тоа со 3:1 и 2:1.

„Шлагот“ на дебаклот на италијанските екипи го направи Јувентус. Старата дама победи на првата средба во Торино со 2:1, но вечерва загуби со 3:1 во Ајндховен од ПСВ во 120 минути игра. Првпат во историјата Јувентус е елиминиран во двомеч од ЛШ откако на првата средба дома славел. До дуелот со ПСВ, Старата дама имаше перфектни 11 од 11.

Вкупно во шест меча од плејофот, италијанските екипи претрпеа четири порази, еднаш ремизираа и само еднаш победија, што секако е премалку.

Феенорд и ПСВ во осминафиналето ги чекаат нови големи предизвици. Сигурно е дека со еден од овие два холандски тима ќе играат Арсенал и Интер. Ждрепката в петок ќе покаже кој од Феенорд и ПСВ ќе оди кај Арсенал и Интер.

Белгискиот Бриж ќе чека една од екипите на Лил и Астон вила.

 

- Оглас -

Најнови вести