28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Срам за црногорскиот фудбал, судиите го честеа првакот Дечиќ со непостоечки гол (Видео)

Огромна судиска грешка која се случи денеска, фрла нова темна дамка врз црногорската фудбалска лига која и онака е меѓу најслабите во Европа.

На мечот помеѓу Јединство и актуелниот првак Дечиќ, кој заврши 1-1, судиите на чело со главниот Милош Савовиќ, го почестија гостинскиот тим со тоа што му признаа гол кој ни приближно не беше гол бидејќи топката не ја мина гол-линијата.

Помошниот судија Урош Рашовиќ му сигнализирал на главниоот судија дека е гол, па така Дечиќ поведе со 1-0, иако снимките покажуваат оти во тој момент резултатот мораше да остане 0-0.

- Оглас -

Најнови вести