31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Срамен податок за Арсенал: Пет сезони нема ниедна победа на гости во дерби-меч!

Арсенал синоќа загуби во дербито со големиот градски ривал Тотенхем со 2:1, иако Топчиите први постигнаа гол. Арсенал со овој пораз само продолжи една неверојатна низа кога се работи за дерби-дуелите во Премиер лигата. Цели пет сезони Топчиите немаат ниту една победа на гостински терен во дуелите со најдобрите пет клуба во лигата.

Одиграа дури 27 натпревари на туѓ терен и ниту еднаш не се радуваа во мечеви со најдобрите пет клуба во Англија. Билансот им е 17 порази и 10 нерешени. Меѓу најдобрите пет клуба се сметаат Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Челзи и Тотенхем.

Последен пат кога Арсенал победил на гостински терен кај некој од најсилните ривали е на 18 јануари 2015 година, и тоа на теренот на Манчестер сити со 2:0. Со вакви резултати во последните пет сезони, не е ни чудно што Арсенал е далеку од борбата за висок пласман. Тимот на Микел Артета моментно е на деветото место со минимални шанси дека може да стигне до позиција која води излез во Лигата на Европа, додека пласман во ЛШ е неостварлив сон за Топчиите.

 

- Оглас -

Најнови вести