Срамен потег на Бонучи кој ѝ помогна на Италија да дојде до победа над Ерменија (видео)

Италија вчера славеше на гостувањето кај Ерменија во Ереван со сигурни 3-1, а голема улога во резултатот одигра и црвениот картон кој го заработи Александер Карапетијан пред истекот на првото полувреме.

Во воздушен дуел со Бонучи, Карапетијан заработи втор жолт картон и исклучување поради што судијата сметаше дека неспортски го удрил дефанзивецот на Италија. Сепак, од повторената снимка се гледа дека лакотот на Карапетијан е во близина на лицето на Бонучи, но немаше никаков контакт. И покрај тоа, Бонучи легна на земја и симулираше фаул, па репрезентативецот на Ерменија се упати кон соблекувалната.

По оваа срамна симулација, Ерменците останаа без стрелецот на нивниот гол на оваа средба, а гостите во вториот дел преку Пелегрини и Белоти ги освоија трите бода.

- Оглас -

Најнови вести