Германската фудбалска репрезентација е во резултатска криза, а за половина година на домашен терен треба да игра на Европско првенство, на кое имаат големи амбиции.
Очигледно е дека работите не одат како што треба со селекторот Јулијан Нагелсман, а тој синоќа на пријателскиот меч против Австрија покажа дека ферплејот му е послаба страна.
При резултат 1-0 за Австрија, Нагелсман му сигнализираше на голманот Кевин Трап да лежи на тревата и да глуми дека е повреден за да има време за „тајмаут“ и на другите играчи да им даде совети.
Инструкциите на Нагелсман не помогнаа, Австрија даде уште еден гол и победи 2-0.
https://twitter.com/i/status/1727259156892021074