9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Срамен потег на гостиварци, Силекс не го искористи киксот на Шкендија (Видео)

Екипата на Гостивар наводно незадоволна од судењето си замина во соблекувална откако прими гол за 1-2 против Работнички и направи скандал како оној на Воска спорт против Вардар.

Ова фрла нова темна дамка врз фудбалот во Македонија, а бидејќи е втор случај во краток период станува симптоматично и веќе постојат шпекулации за организирана „акција“ во која е вмешана и политика.

РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Работнички прекинато при 1-2, Пелистер – Тиквеш 1-0, Шкендија – Шкупи 3-3, Силекс – Струга 0-0. Вчера Вардар ја победи Беса со 3-1, а утре требаше да играат Брера Струмица – Воска спорт, но тимот од Охрид објави дека во знак на протест прекинува со играње со ПМФЛ.

- Оглас -

Најнови вести