Фудбалерите на Холстен Кил загубија на домашен терен од Лајпциг со 0-2, но вистински скандал предизвикаа нивните навивачи. На трибините се појавија транспаренти со ликовите на водечките луѓе на Ред бул, но и на Јирген Клоп, и тоа со нишан на нивните лица и подготвени за стрелба.
Протестот на навивачите е поради тоа што Ред бул ги заобиколи германските закони и успеа да го воспостави целосна контрола кај Лајпциг, но во Германија е забрането клубовите да бидат приватни.
Гревот на Јирген Клоп е тоа што прифати да биде директор за фудбал во Ред бул, односно ќе биде задолжен за спортскиот дел во сите клубови кои компанијата ги поседува.