Срамни скандирања кон фудбалерот на Реал Мадрид: „Асенсио, умри“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше задоволен од победата од 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад во полуфиналето од Копа дел Реј. Според него, резултатот им дава предност пред реваншот.

„Излеговме со изменет состав, но тоа не се одрази на нашата игра. Дефанзивно бевме компактни и добро се снајдовме. Важна улога одигра Ендрик, не само поради голот што го постигна. Арда Ѓулер исто така одигра солиден натпревар. Ова беше тежок дуел против противник кој даде сè од себе. Сепак, резултатот е добар за нас пред реваншот“, изјави Анчелоти.

Мечот накратко беше прекинат поради навредливи скандирања од трибините, насочени кон Винисиус jуниор и Раул Асенсио. Домашните навивачи извикуваа „Асенсио, умри“, а имаше и расистички навреди кон Винисиус.

„Сметам дека судијата реагираше правилно. Винисиус разговараше со него и тој го прекина натпреварот, како што е предвидено во протоколот. Тој постапи како што треба. Што се однесува до Асенсио, го извадив од игра од две причини: првата е што веќе имаше жолт картон, а втората е што беше потресен од тие навреди. Никој не сака да слуша како од трибините му скандираат „умри“. Тој беше разочаран и решив да го заменам“, додаде Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести