Мајорка стигна до вредна победа на гостувањето кај Лас Палмас, победувајќи со 3:2 во меч од 14 коло на шпанската Примера дивисион. Сите пет голови беа постигнати во второто полувреме, а Мајорка два пати реализираше за водство од 2:0, но домаќините не се предадоа.
Лас Палмас со погодоците во 77 и 83 минута стигна до 2:2, но сепак Мајорка беше таа што се радуваше на триумф и тоа со гол во судиското надополнување.
Con este gol de Mojica gana el Mallorca en Las Palmas.
🎥 IB3 pic.twitter.com/Ick12Gt9oW— Deportescopebaleares (@deportescopebal) November 23, 2024
Триумфот на Мајорка е уште повредна ако се знае дека победничкиот гол беше постигнат кога гостите беа со играч помалку на теренот. Косовскиот репрезентативец и член на Мајорка, Ведат Муриќи доби црвен картон поради покажување на „среден прст“ на противникот. Тој инцидент се случи во 87 минута, кога Муриќи го „почести“ противничкиот играч Мата со срамотна гестикулација.
По реакција од ВАР собата, главниот судија гледаше повторена снимка на целата ситуација и на крајот реши да го исклучи Муриќи од игра. Неспортскиот потег на Муриќи може да го видите ТУКА.
Por estos dos gestos, el de las palmas celebrando una buena defensa y el del mallorca sacándole un dedo el var ha entrado, han expulsado al del mallorca y pitado un libre indirecto dentro del área a las palmas que ha supuesto el 2-3 pic.twitter.com/85mVVMtIdE
— Agapito Carrion (@apafrel) November 23, 2024