Интер стигна до нови бодови по вчерашното гостување кај Калјари во второто коло од Серија А. Избраниците на Интер победата ја остварија благодарение на точно изведениот пенал на Ромелу Лукаку во 72-рата минута, кога беа забележани расистичките навреди од трибините.
И пред да го изведе пеналот, и по реализацијата, навивачите на Калјари упатија мајмунски крици кон белгискиот голгетер со цел да го деконцентрираат. Лукаку со поглед им одговори по дадениот гол, но ова срамно однесување на навивачите ги премина сите граници бидејќи не им е првпат.
Истата судбина ја претрпе и Сулеј Мунтари, ексиграч на Интер, додека лани жртви на расистички навреди беа Блез Матуиди и младиот Мојзе Кен од Јувентус, кој сега игра за Евертон.
#RACISM Same old Cagliari, in a new season in 2019.
They have previously made monkey chants at Sulley Muntari, Blaise Matuidi and Moise Kean.Today, they have come for Romelu Lukaku. Inter leads by 2-1. @FIFAcom @UEFAcom @Inter @9jaSuperFans @Brilafm889 @Gidi_Traffic pic.twitter.com/wT49QkwORz
— Taiwo Francis (@IAmTaiwoFrancis) September 1, 2019