Веројатно малкумина се сеќаваат дека сениорската кариера на Антоан Гризман започна во екипата на Реал Сосиедад. Французинот само на 14-годишна возраст од локалниот клуб Макон се пресели во Реал Сосиедад, чиј член беше сè до 2014 година и за екипата од Сан Себастијан одигра вкупно 180 сениорски натпревари.
Сепак, тоа не го забораваат навивачите на Реал Сосиедад, кои синоќа на дуелот против Атлетико Мадрид во текот на целиот натпревар го навредуваа и свиреа на секој негов допир со топката. Од трибините се слушаа извици „умри Гризман“, а залудни беа и обидите на официјалниот спикер да ја смири ситуацијата, па и тој доби свирежи.
Гризман по девет години во Сан Себастијан, се пресели во Атлетико Мадрид во 2014, а од тогаш до денес е член на Јорганџиите, со исклучок на периодот од 2019 до 2021, кога настапуваше за Барселона.