Срамно однесување на погребот на Пеле: Претседателот Лула кажуваше шеги, навивачи се тепаа (Видео)

Кралот на фудбалот, Пеле, би се превртувал во гроб ако дознае што се случуваше денеска додека илјадници луѓе дојдоа да се простат од него и учествуваа во поворката додека телото се носеше кон гробиштата.

Навивачи на Сантос и Палмеирас како да заборавија зошто се тука, па решија да се пресметаат со боксови и клоци, па полицијата мораше да ги растерува и да ги апси.

Несоодветно однесување имаше и претседателот на Бразил, Лула, кој на овој тажен ден сакаше да се шегува.

„Пеле беше опседнат со Коринтијанс, живееше да го победи. Се надевам дека таму горе тој ќе игра за Коринтијанс, а не за Санто“, кажа на шега Лула за време на говорот.

Лула е фан на Коринтијанс, клубот кој е градски ривал на Сантос и клуб кој беше омилена жртва на Пеле. Пеле му даде дури 50 гола на Коринтијанс.

https://twitter.com/i/status/1610287881180049409

- Оглас -

Најнови вести