Срамно за шампионот на Италија – Легенда што пола век го следи Јувентус не доби акредитација (Фото)

Јувентус ја заборави живата легенда и фотограф кој цели 44 години ги следеше сите натпревари на Старата дама и вечерва Салваторе Џилјо не доби акредитација за да си ја врши работата на полуфиналето од Копа Италија против Милан.

Џилјо беше одбиен за акредитација, со која единствено во услови на строгите протоколи можеше да влезе на „Алијанц“ стадионот во Торино, а протестираше на оригинален начин. На дуелите во пост-корона ерата во Италија што почна вечерва со мечот токму меѓу Јувентус и Милан дозволено е присуство само на околу 300 луѓе на стадионите, а меѓу нив немаше место за големата легенда Џилјо.

Им напиша „честитка“ во стилот на протестна нота на челниците на Јувентус, а објасни дека ова е срамен чин на клубот што го следи речиси половина век.

„Разбирам дека во вакви услови ограничен е бројот на акредитации и за нас фотографите, но беа издадени 10 акредитации, меѓу нив на четворица фриленсери, кои веројатно никогаш и не биле на меч на Јувентус. Мене ме одбија со стаж од цели 44 години без прекин присуство на натпреварите на Јувентус“ објасни Џилјо.

Јувентус вечерва одигра без голови против Милан во реванш мечот од полуфиналето на Копа Италија и се пласираше во финалето, на меч на кој за првпат по долги 44 години не присуствуваше легендарниот фотограф.

- Оглас -

Најнови вести