Срамот ќе му остане за шутирање на мачката – Вест хем го казни Зума со пола месечна плата (Видео)

Курт Зума доби клупска казна од Вест хем и ќе мора да игра две недели без плата, односно ќе остане без 250 илјади фунти по нецивилизираното однесување и малтретирање на својата мачка.

Случајот е бизарен, но доби огромни размери, па сега има и истрага против играчот на Вест хем од страна на здружението за заштита на животните.

На социјалните мрежи беше објавено видео како Зума неколкупати крвнички ја шутира со нога и ја удира со рака мачката во неговиот дом.

Зума потоа беше на столбот на срамот, а сега е и казнет од Вест хем, но допрва може да добие многу поголема казна во истрагата што трае.

Вчера тој играше за Вест хем против Ватфорд во Премиер лигата и постојано беше исвиркуван од навивачите на двата клуба и при секој допир на топката.

 

 

- Оглас -

Најнови вести