Срамот на Арсенал го налути и претседателот на Руанда: Не барајте алиби, почнете да победувате

Поразот на Арсенал од 2:0 на гостувањето кај новиот премиерлигаш Брентфорд го налути и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, кој бара тимот да игра фудбал и да почне да победува.

„Не смее да се бара алиби, туку треба да почнете да играте фудбал. Тимот има квалитет и мора да победува“, напиша на Твитер првиот човек на африканската држава.

Руанда е спонзор на Арсенал, а играчите на клубот од Лондон на ракавите на дресовите имаат реклама „Посетете ја Руанда“ со цел да се подобри туризмот во африканската држава.

Договорот беше потпишан во 2018 година и важи до крајот на оваа година, а по лоштите настапи на Топчиите во последно време и расположението на претседателот на Руанда, кој е незадоволен од игрите на Арсенал прашање е дали соработката ќе биде продолжена.

За тригодишниот договор Руанда му плати на Арсенал 30 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести