Срамот не е наш, но титулата да, Црвена ѕвезда вечер ќе го прими шампионскиот пехар

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда е нов шампион на Србија.

Црвено-белите денеска во 14 часот добија официјално решение од управата на Суперлигата на Србија дека вториот натпревар од финалната серија меѓу Партизан и Црвена ѕвезда кој беше прекинат синоќа е регистриран со 20-0 победа за гостите и со тоа Црвено-белите со 2-0 во победи по деветти пат по ред станаа прваци на нашиот северен сосед.

Доделувањето на пехарот ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во салата „Александар Николиќ“ и Ѕвезда ги повика сите навивачи да дојдат на прославата.

Од клубот порачаа и дека од Партизан лажеле во соопштението дека имало договор средбата да продолжи денеска. Во Ѕвезда велат дека тие и судиите заминале од теренот поради фрлањето предмети кон нив, а не поради навредите.

„На сите ѕвездаши им ја честитаме новата титула, деветта по ред, и за нас највредна, бидејќи секоја титула се брои, особено оние кои доаѓаат од шампионатот на земјата од која сме ние, Република Србија“, порачаа од Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести