Срамота на Тур Д’Франс, лидерот погоден со чипс директно во лице (Видео)

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар победи на 14 етапа на најпознатата трка, Тур Д’Франс. Со овој триумф, Погачар само ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Словенецот беше одличен на угорниците кога направи предност од дури 39 секунди пред најголемиот ривал Јонас Вингегард, па сега преднсота на лидерот пред Данецот е речиси две минути. За Погачар ова е вкупно 79 етапна победа, а 13-та на Тур Д Франс.

Оваа етапа ќе остане во сенка на инцидентот кој се случи кога еден навивач реши да го попречи лидерот со тоа што му фрли кесичка со чипс директно во лицето на Погачар. За среќа, Словенецот не беше дефокусиран и продолжи во ист ритам и на крајот победи.

- Оглас -

Најнови вести