Австрискиот нордиски скијач Макс Хаусе дефинитивно може да заборави на кариера во овој спорт откако пред два дена беше фатен на дело како преку вена конзумира допинг-средства. Рацијата се случи за време на Светското првенство во нордиско скијање кое се одржува во Австрија, а допинг-контролата влезе во собата на Хаусе во вистински момент.
На видеото јасно се гледа како скијачот е сред третман т.н. крвен допинг, со игла во вена на едната рака. Младиот скијач тврдел дека е сам во собата, а набрзо потоа „влетаа“ докторите кои се одговорни за овој третман.
Допрва ќе следат дисциплински постапки за овој нордиец, а многу веројатно дека го чека долга казна, ако не и доживотна суспензија.