Срамота во Белгија: На двете екипи им одговараше резултатот, па „престанаа“ да играат (Видео)

Екипите на Вестерло и Генк одиграа 1:1 во меч од 30-тото коло на белгиското првенство. Домаќините први погодија, и тоа во 79-тата минута, а само седум минути подоцна се израдуваа и гостите.

Ова реми на крајот беше посакувано за двете екипи затоа што Вестерло со овој еден бод стигна до 30 бода, еден повеќе од Шарлроа, кој е во зоната за испаѓање. Од друга страна, Генк со бодот стигна до 47 бода, што беше доволно да заврши на шестото место на табелата и да биде во горниот дел од табелата, односно меѓу екипите кои ќе се борат за титулата и излез во Европа.

Судијата на овој меч покажа шест минути продолжување, што некако не им одговараше на двата тима, па кога требаше да се доигра последната минута, играчите на двата буквално застанаа и чекаа да помине времето за судијата да означи крај на средбата.

- Оглас -

Најнови вести