Србија и Швајцарија водат битка за место во осминафиналето на Светското првенство во Катар, а на трибините поголем е бројот на фановите на нашиот северен сосед. Сепак, на теренот Швајцарија моментно води со 3:2 по 50 минути игра, а на стадионот „974“ има и албански фанови кои очигледно дека даваат поддршка на Швајцарија, која во своите редови ги има Џака и Шаќири, фудбалери со албанско потекло.
Пред почетокот на средбта, на трибините имаше еден момент во кој навивачи на Србија забележаа навивач со кече и решија да реагираат. Фановите на Србија тоа го сфатија како провокација и веднаш побараа навивачот да си замине од тој дел од трибините.
Реагираше и обезбедувањето кое не дозволи да има физички контакт меѓу фановите, а на крајот човекот со кечето на глава си замина од делот каде што поголем дел беа фанови на Србија.
View this post on Instagram