Србија е нов европски првак – Словенија падна во Париз

Србија е нов европски првак во одбојка по победата од 3:1 во сетови против Словенија во финалето во Париз.

Словенците почнаа одлично и поведоа со 1:0 откако го добија стартниот сет неочекувано убедливо со 25:19. Србите беа рангирани како фаворити и во прдоолжението ја оправдаа улогата со беспрекорна игра.

Лесно го скршија отпорот на Словенците, кои најавија изненадување, но немаа сили за комплетен подвиг. Се разиграа популарните Орли и ги добија следните три сета со 25:16, 25:18 и 25:19.

Во меч за бронза, вчера Полска ја декласира Франција со 3:0. На ова Европско првенство дебитираше и Македонија со историско учество на големите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести