10.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Србија ги слави ватерполистите, Вучиќ бара уште утре наутро да им се исплатат парите

Ватерполо селекцијата на Србија е шампион на Европа, популарните Делфини после осум години се вратија на европскиот врв и тоа на првенство кое се играше на нивен терен, во белградската Арена!

Победата во финалето над Унгарија донесе голема радост на целата нација, па и кај претседателот Александар Вучиќ, кој ја искажа својата благодарност по освојувањето на златото и побара од Владата на Србија уште утре наутро да им исплати награда на ватерполистите.

„Секогаш се сомневавме во нешто, бевме загрижени, а тие работеа, се бореа и ја правеа нацијата среќна. Станува збор за нашите ватерполисти. Покажаа дека се најдобри во Европа. Ви благодариме за целиот труд, работа, ентузијазам, енергија… Владата веднаш утре наутро да им ги исплати парите, кои чесно ги заработија“ рече Вучиќ во обраќањето преку Инстаграм.

 

- Оглас -

Најнови вести