Србија и без Влаховиќ ќе ја победи Норвешка

6102 Чешка – Швајцарија (20.45 часот)

Ова е дуел на два тима кои се аутсајдери во групата 2 од Лигата А во Лигата на нациите бидејќи со нив се и Шпанија и Португалија. Чесите и Швајцарците имаа некои забележителни партии на ЕП минатата година и во квалификациите за СП. Овие два тима не се сретнале меѓу себе уште од летото 2008 година, кога на ЕП на меч во швајцарскиот Базел славеше Чешка со 1-0. Чесите дома немаат пораз од септември 2020, но според квотите, гостите се благи фаворити.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

6103 Шпанија – Португалија (20.45 часот)

Пиринејското дерби кое се игра на стадионот на Бетис во Севилја е најинтересниот денешен меч во Лигата на нациите. Овие две селекции ќе водат битка за првото место во групата и за титулата во Лигата на нациите, па победа на едните или другите ќе биде голем чекор напред. Последните два меѓусебни дуели на Шпанија и Португалија завршуваа без голови 0-0, но тоа беа пријателски средби. Во 2010 година последен пат имало победник во нивните пресметки.

Предлог тип: & 2-4 (2.20)

 

6113 Словенија – Шведска (20.45 часот)

Словенците и Швеѓаните се во Лига Б од Лигата на нациите. Словенците даваа барем еден гол на последните седум домашни мечеви. Шведска последен меч одигра со Полска во мартовскиот бараж, кога не успеа да се пласира на Мундијалот во Катар. Тој пораз веројатно уште ги боли и ќе сакаат со победа да почнат во овој циклус од Лигата на нациите. Шведска нема победа на гости од март 2021, кога славеше кај Косово. Овие селекции не играле меѓу себе официјален меч, туку само два пријателски кои завршувале со 0-1 гол.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

6112 Србија – Норвешка (20.45 часот)

И Србија и Норвешка се во друштво со Словенија и Норвешка во скандинавско-ексјугословенската група. Србите и Норвежаните беа ривали во плејофот од првото издание на Лигата на нациите, тогаш во Осло, Србија победи по продолженија. Нашите соседи кои ќе играат на СП во Катар за разлика од Норвешка, се фаворити на хартија, a во нападот ќе го нема Влаховиќ, но тука е Митровиќ. Халанд ќе игра за Норвешка и ќе биде главна опасност по голот на Србија.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

6133 Естонија – Сан Марино (18.00 часот)

Кај овој пар не би требало да има дилеми кој ќе победи, познато е дека Сан Марино е најслаба репрезентација во Европа. Ова е меч од Лига Д од Лигата на нациите, а со нив во група е и Малта, која ќе се бори за прво место со Естонија. Последната победа на Естонците беше во октомври против Белорусија, во март годинава имаа реми со Кипар, додека Сан Марино последен пат избегна пораз кога играше со Гибралтар во ноември 2020 година. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции беше во 2015 година, Естонија победи со 2-0.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.53)

 

- Оглас -

Најнови вести