Србија се приклучи на Грција како единствени две селекции кои имаат максимални пет победи по групната фаза на кошаркарското Европско првенство. Во последното коло, Србија без многу мака, убедливо со 96:69 ја победи Полска и заврши како прва во Д групата.
Во вториот вечерен меч исто така немаше никакви дилеми. Италија со убедливи 90:56 ја победи Велика Британија и Аѕурите го обезбедија четвртото место во Ц групата. Со еден ваков расплет, токму Србија и Италија ќе играат меѓусебе во осмиафиналето од континенталниот собир.
Со комплетирање на сите четири групи, познати се и сите осминафинални парови, а тоа се (ќе се играат на 10 и 11 септември): Германија – Црна Гора, Грција – Чешка, Шпанија – Литванија, Хрватска – Финска, Словенија – Белгија, Украина – Полска, Турција – Франција и Србија – Италија. .