Поразите на Хрватска од Унгарија, и на Србија и Црна Гора од Шпанија, придонесоа уште во осминафиналната фаза на Светското првенство во ватерполо да има големо соседско балканско дерби.
Шпанците и Унгарците како први во своите групи директно одат во четвртфинале, а второпласираните и третопласираните ќе мора да играат и осминафинале.
Вкрстувањето е такво што Хрватска која ќе биде втора во својата група, треба да игра осминафинале со третиот од групата во која се Србија и Црна Гора. Во третото коло се игра дерби дуелот Србија – Црна Гора, и поразениот ќе биде трети во групата и ќе игра со Хрватска.