-1.2 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Србија и Унгарија ќе се борат за златото на ЕП во ватерполо

Репрезентациите на Србија и Унгарија ќе играат во финалето на Европското првенство во ватерполо.

Унгарците ја совладаа Грција со 15-12, а Србите кои се домаќини, ја израдуваа публиката со триумф над Италија од 17-13. Двете полуфиналиња беа одлучени во третите четвртини од дуелите кога Унгарците и Србите ја презедоа контролата и не ја испуштија предноста.

Инаку Србија и Унгарија играа меѓусебе и во групната фаза, нашите соседи беа подобри со 15-14 што може да биде најава за одлично и тесно финале.

- Оглас -

Најнови вести