Србија ќе има шестмина играчи во НБА-лигата

Српскиот репрезентативец и неодамнешен играч на Фенербахче, Марко Гудуриќ, стави потпис на двегодишен договор со НБА-франшизата на Мемфис гризлис. Дваесет и четиригодишниот шутер направи голем исчекор во кариерата, па по собраното искуство на Стариот Континент, доби шанса да се докаже во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Гудуриќ им се придружи на колегите од репрезентацијата како шести играч од просторите на нашиот северен сосед кој ќе игра преку Барата, а таму се веќе Никола Јокиќ (Денвер), Бобан Марјановиќ (Далас), Богдан Богдановиќ и Никола Бјелица (Сакраменто), како  и Ален Смаилагиќ (Голден стејт).

За овој ангажман се зборуваше веќе подолг период, а Гудуриќ конечно си го оствари сонот откако не успеа да се наметне во НБА-лигата преку драфтот во 2017 година. Србинот во изминативе две години ги бранеше боите на Фенербахче со кои освои два трофеи, а со успех го носеше и дресот на Црвена ѕвезда, со која стана двократен јадрански првак по преселбата од редовите на ФМП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести