5.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Србија не успеа да се пласира на Мундијалот, а капитенот Филип Костиќ го обвини Пикси

Крајниот исход на квалификациската група К за Светското првенство се дефинираше во претпоследното коло. Англија ја пречека Србија на „Вембли“ и победи со 2-0, додека во исто време Албанија славеше на гостувањето кај Андора со 0-1. Со ова, шансите на Србија за пласман на следното Светско првенство практично беа уништени.

По натпреварот на „Вембли“, капитенот на Србија, Филип Костиќ, истакна дека поразот од Албанија во Лесковац имал големо влијание врз резултатите во групата.

„Поразот од Албанија е еден од најтешките моменти во мојата кариера. Сметам дека целата група ќе завршеше поинаку доколку од самиот почеток имавме стабилен селектор и услови за работа како што ги имавме во последните неколку дена. Во тој случај сигурно ќе завршевме како второпласирани“, изјави Костиќ.

Со овие зборови тој упати критика кон поранешниот селектор Драган Стојковиќ-Пикси, кој замина по поразот од Албанија, а на негово место дојде Вељко Пауновиќ.

- Оглас -

Најнови вести