22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Србија остана без Ѓоковиќ, некои се плашат дека тоа може да значи и дека е крај

Тениската репрезентација на Србија следниот месец ќе игра против Словачка во Дејвис купот, а селекторот на Орлите, Виктор Троицки, соопшти една разочарувачка вест за навивачите. На листата на српската селекција го нема Новак Ѓоковиќ.

Србија на 2 и 3 февруари во Краљево против Словачка ќе се натпреварува со Кецмановиќ, Лајовиќ, Ѓере, Меѓедовиќ и Чачиќ.

„Ѓоковиќ го нема на списокот бидејќи има хронични повреди. Потребно му е време за подобро да се подготви за продолжување на сезоната, во која покрај стандардните обрвски, го очекува и учество на Летните олимписки игри“, стои во соопштението од тениската репрезентација.

Дејвис куп-натпреварите следуваат веднаш по завршување на првиот гренслем-турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Турнирот во Мелбурн ќе биде од 14 до 28 јануари. Ѓоковиќ пред неколку дена заработи повреда на зглобот на ногата, а веднаш потоа и го загуби следниот меч што го играше, па токму затоа потребен му е одмор на најдобриот тенисер во светот.

Со оглед на тоа дека Новак во мај оваа година ќе полни 37 години, многумина сметаат дека тешко е повторно да биде дел од националниот тим на Србија во Дејвис куп-натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести