Кошаркарската репрезентација на Србија беше убедлива и славеше со 98:64 против Естонија, во меч од првото коло на Европското првенство. Во еден момент третата четвртина, Србија водеше дури и со 44 разлика, но потоа фаворитот го намали темпото, па до крајот на средбата, противникот ја намали негативата.
По мечот, селекторот на Србија, Светислав Пешиќ немаше забелешки за играта на своите кошаркари, но на прес конференцијата се појави многу незадоволен. Лутината на Пешиќ беше насочена кон организаторот на ЕП, затоа што селекторот морал да чека речиси еден час за да дојде на прес конференцијата.
„Сега е 23:20, ве молам да го почитувате нашето време. Еден час по завршување на мечот, чекаме да почне конференцијата. Подготовен сум на се, но сега е 23:20“, револтирано рече Пешиќ по победата над Естонија.
Svetislav Pesic didn’t enjoy a late press conference after the win vs Estonia 😁 #EuroBasket
More on it: https://t.co/zqCw4yNd15 pic.twitter.com/w4wiOh5Sb2
— BasketNews (@BasketNews_com) August 27, 2025