Србија подготвува „пекол“ за Швајцарија, Португалија брка победа во Полска

6107 Србија – Швајцарија (20:45 ч.)

Две селекции кои се во лоша форма. Србија нема победа на последните пет меча во кои постигна само еден гол, а Швајцарија загуби во последните три дуели што ги одигра. Само два пати играле меѓусебе и тоа на последните два Мундијали, кога Швајцарија победуваше со 3:2 и 2:1.

Домашниот терен треба да е адут повеќе за Србија, која ќе има посебен мотив да се обиде да победи, но факт е дека Швајцарија не им „лежи“ како ривал.

Предлог тип: ГГ3+ (2.75)

 

6106 Полска – Португалија (20:45 ч.)

Португалија одлично започна во Лигата на нации и има максимални шест бода, а Полска е со победа (3:2 над Шкотска) и пораз (1:0 од Хрватска). Полска и Португалија на четири од последните пет пресметки ремизирале, но најважно е дека головите не недостасувале.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

6127 Кипар – Романија (20:45 ч.)

Романија е убедлива во својата група, додека Кипар претрпе тежок удар во последниот меч кога со 4:0 загуби дома од Косово. Ако се знае дека Романија лесно со 3:0 го победи Косово во Приштина, многу веројатно е дека Кипар нема што да бара на овој меч, иако игра пред своите навивачи.

Предлог тип: 2-2 (2.45)

 

6126 Бугарија – Луксембург (18 ч.)

Бугарија е селекција која кога игра речиси е гаранција дека нема да има многу голови. На последните шест дуели што ги одигра, четири беа со максимум еден гол, а на останатите два дуели имаше само два погодоци. Дури на 11 од последните 14 дуели на Бугарија имало максимум два погодоци.

Бугарија има само две победи во последните 17 средби, но и Луксембург е во лоша форма и има четири порази по ред.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.84)

 

6108 Шпанија – Данска (20:45 ч.)

Актуелниот европски првак е во одлична форма и има 10 победи и едно реми во последните 11 дуели. данска добро ги започна дуелите од Лигата на нации и има максимални шест бода без примен гол, но кога играат со Црвената фурија, загубиле на четирите последни средби.

Двете екипи играат офанзивно, па може да се очекува атрактивна пресметка на стадионот во Мурсија.

Предлог тип: 1&3+ (2.21)

- Оглас -

Најнови вести