Србија послаба за една НБА-ѕвезда на Евробаскетот

Богдан Богдановиќ, бекот на Атланта хокс и еден од носителите на српската кошаркарска репрезентација, ќе го пропушти овогодинешниот Евробаскет поради повреда на десното колено.

На српската НБА-ѕвезда неодамна му беше направена операција на коленото со цел да се санира проблемот кој го мачеше речиси цела сезона, а за потполно да се рехабилитира ќе му бидат потребни најмалку три месеци.

Ова го потврди докторот на репрезентацијата, што значи дека Орлите на Светислав Пешиќ ќе мора да го бранат среброто, односно ќе го напаѓаат златото без еден од своите најдобри играчи.

Србија на кошаркарското ЕП кое ќе започне на 1 септември, ќе игра во групата Д каде што е еден од домаќините на турнирот, селекцијата на Чешка, а таму се уште Полска, Финска, Холандија и Израел.

- Оглас -

Најнови вести