Репрезентацијата на Србија освои само еден бод од првите две кола на Европското првенство. Загуби од Англија со 1:0, а губеше со истиот резултат и од Словенија, но со гол во 95 минута се спаси од пораз, па останаа со шанси да се борат за место во осминафиналето.
Според овој турнир, во нокаутфазата освен двете првопласирани, место во осминафиналето ќе има и за четирите најдобропласирани трети од шесте групи. Во една таква ситуација, Србите прават план како може да влезат во осминафиналето и со само два освоени бодови, односно ако одигра нерешено против Данска.
Дури три сценарија постојат за Србија со само два бода да оди во осминафиналето. Првата опција е ако Англија ја совлада Словенија со два или повеќе голови, потоа Шкотска и Унгарија да одиграат нерешено, Италија да не загуби од Хрватска, а Шпанија да ја победи Албанија.
Второто сценарио е Англија со два или повеќе разлика да ја победи Словенија, Шкотска и Унгарија да одиграат нерешено, Турција да ја победи Чешка, а Португалија да не загуби од Грузија.
Во третиот случај од овие калкулации, покрај тоа што Англија треба со два или повеќе разлика да ја победи Словенија, Португалија да не загуби од Грузија, Турција да слави над Чешка, Шпанија да биде подобра од Албанија, а Италија да не загуби од Хрватска.