ФИБА, по завршувањето на групната фаза на Евробаскетот, го објави новиот поредок на фаворити за титулата. Србија, која пред почетокот на турнирот важеше за главен фаворит, падна на третото место, а пред неа се најдоа Германија, која беше втор фаворит, и Турција, која ја совлада Србија во групната фаза и напредуваше за четири позиции во однос на стартот.
Грција и Франција го заокружуваат Топ 5. Осминафиналето стартува денеска во Рига со дуелот меѓу Турција и Шведска во 11 часот, а целата завршница ќе се игра во летонската престолнина.
Единствените две непоразени селекции по групната фаза се Германија и Турција.
Актуелниот светски првак Германија ја заврши групата со просек од 105.8 поени по натпревар – најмногу уште од СССР во 1985 година (107.4). Во нокаут-фазата влегуваат и со враќањето на главниот тренер Алекс Мумбру. Впечатоците на стручњаците се дека станува збор за тим со највисоко достигнување и во напад и во одбрана. Ефикасен напад, широка ротација и стабилна форма во групната фаза ги направија главни фаворити според ФИБА.
Турција скокна на второто место благодарение на билансот 5-0 и блескавите настапи на „големата тројка“, Алперен Шенгун, Шејн Ларкин и Џеди Осман, кои заедно постигнуваат речиси 50 поени со 58% шут од игра. Натпреварот против Шведска ќе биде прв вистински тест за нивниот нов статус на предизвикувач.
Се разбира, сите мечеви од осминафиналето можете да ги најдете со најголеми квоти во понудата на Sport Life.

Србија е спуштена на третата позиција, пред сè поради отсуството на Богдан Богдановиќ, но длабочината на составот и понатаму ја задржува во кругот на фаворити, особено пред дуелот со Финска во осминафиналето.
Грција, предводена од феноменалниот Јанис Адетокумбо, е четврта со импресивен шут за три поени од 45.6% на 25 обиди по натпревар, додека Франција падна на петтото место по поразот од Израел.
Полска забележа најголем скок од шест позиции пред дуелот со Босна и Херцеговина, додека Словенија на Лука Дончиќ напредуваше од 11-то на десеттото место.
Распоред на осминафинални натпревари
Сабота
11:00 Турција – Шведска
14:15 Германија – Португалија
17:30 Литванија – Латвија
20:45 Србија – Финска
Недела
11:00 Полска – БиХ
14:15 Франција – Грузија
17:30 Италија – Словенија
20:45 Грција – Израел