Репрезентацијата на Србија стигна до третата победа во третиот меч на Светското кошаркарско првенство. Во дербито против Италија, Србите покажаа зошто се меѓу главните фаворити за освојување на златото. Уште од почетокот на мечот, Србија имаше водство и го контролираше резултатот, а на крајот победи со 92:77.
Италија никако не успеа да држи ритам. Аѕурите водеа со 10:8 и потоа во ниту еден момент не беа во позитива. На полувремето Србија водеше со 50:42, а во вториот дел, кога беше најпотребно, само го зголеми ритамот, па во 37-мата минута водеше со највисоки 90:67 за мирна завршница.