Србија реагира за „летањето орли“ од косовски новинар, а од Косово бараат казна за Србите

Фудбалскиот сојуз на Србија реагираше до УЕФА поради однесувањето на косовскиот новинар Арлинд Садику, кој синоќа со раце го гестикулираше албанскиот двоглав орел, што се толкува како провокација кон српските фанови.

Портпаролот на ФСС, Милан Вуковиќ, испрати протестна нота, во која се наведува дека Садику ги навредувал Србија и српските навивачи и дека ја понижувал УЕФА и новинарската професија. Затоа Србите побараа да му се одземе акредитацијата на новинарот кој провоцирал и на медиумот за којшто работи.

Од друга страна, Садику е јунак за Албанците, а Фудбалската федерација на Косово бара казна за Србија.

ФФК доставила официјална реакција до УЕФА поради истакнувањето знамиња, пароли и скандирања од страна на српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово.

„Непреченото прикажување на вакви пораки и апели на грандиозен настан како ЕВРО 2024 е бесмислено и апсурдно. Преку ваквите повици се докажува всадената омраза во јавното мислење во Србија кон соседите. ФФК во претставката поднесена со потребните докази до УЕФА побара строги дисциплински мерки против Фудбалската федерација на Србија. Истовремено, бараме внимателност од организаторот за да се избегне истакнување вакви транспаренти на идните натпревари бидејќи тие претставуваат сериозно прекршување на правилата на УЕФА“, пишува во соопштението на ФФК.

https://twitter.com/i/status/1802413870293651763

- Оглас -

Најнови вести