Србија, Црна Гора, БиХ, Ф. Острови се надеваа на покана за Мундијал, но други две селекции ќе бидат дел од собирот

Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука за тоа кои две репрезентации ќе добијат покани за настап на Светското првенство во 2025 година, иако на теренот не го заслужија тоа. Мундијалот ќе биде во Хрватска, Норвешка и Данска, а вајлд-карти, односно покани добија селекциите на Швајцарија и САД.

Барање за покани имаа поднесено и репрезентациите на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора Фарски острови, Романија, Грција и Грузија. Поради фактот дека Хрватска е еден од домаќините, екс Ју земјите Србија, БиХ и Црна Гора се надеваа на покана, но ИХФ се реши за Швајцарија и за финансиски моќната САД.

Во објаснувањето на ИХФ се вели дека САД по осми пат ќе настапи на СП. Пред две години оваа земја ги оствари првите и единствени две победи на Мундијалите, кога го освои 20 место. За Швајцарија ова ќе биде 12 учество на планетарните собири, а ИХФ во објаснувањето зошто се реши за нив е поради фактот дека оваа селекција во баражот за СП беше елиминирана од Словенија на пенали.

- Оглас -

Најнови вести