6726 Литванија – Србија (20.45 часот)
Селекцијата на Србија загуби од Унгарија пред три дена со 1:2 и тоа пред своите гледачи и денеска нема друга опција, ќе мора да се вади во Каунас против Литванија. Досега и двете репрезентации одиграа четири меча во квалификациите за ЕП 2024, Србија е втора со седум бода, додека Литванија има два бода. Последниот дуел кој овие две селекции го играле во Каунас, заврши со триумф на Србија од 2:1 и за очекување е вечерва избраниците на селекторот Драган Стојковиќ повторно да слават.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.07)
6724 Албанија – Полска (20.45 часот)
Полска игра лошо во квалификациите, на четири меча доживеа два порази и тоа на двете гостувања, и има две победи, додека Албанија е втора во групата со еден бод повеќе од вечерашниот противник. Полска пред три дена со 2:0 ги победи Фарски Острови, додека Албанија остана непоразена во дуелот со лидерот на табелата Чешка играјќи 1:1. Досега овие две репрезентации одиграле 11 меча меѓу себе и Полска нема ниту еден пораз, девет победи и две ремија. Последниве две години, дури трипати играа меѓу себе и Полска славеше на сите три меча.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.05)
6750 Унгарија – Чешка (18.00 часот)
Ова е пријателски натпревар меѓу лидерите во групите Г и Е. Унгарија со победата во Белград од 2:1 над Србија направи голем исчекор кон освојување на првото место и пласман на ЕП, додека Чешка пред три дена одигра 1:1 против Албанија. Само двапати играле меѓу себе Унгарија и Чешка и на двата меча и двете селекции постигнувале гол (1:1 и 2:1).
Предлог тип: ГГ 3+ (2.45)
6725 Ирска – Холандија (20.45 часот)
Ова е дерби на денешните квалификации за ЕП во кое домашната репрезентација нема право на кикс. Во групата Б, Франција има максимални пет победи во пет меча и речиси е сигурен патник на ЕП, Холандија има шест бода од два меча, додека Ирска има само еден триумф во четири натпревари. Ирците во Даблин пред своите гледачи немаат избор, мора да тргнат офанзивно, додека стилот на Холанѓаните е секогаш да играат атрактивно и офанзивно, што е најава за ефикасен натпревар.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)
6753 Грција – Гибралтар (20.45 часот)
Грција е апсолутен фаворит во дуелот со Гибралтар. Најслабата европска репрезентација најчесто на противничките селекции им служи за подобрување на гол-разликата и не би требало да биде поинаку ниту вечерва. Грција има одлична шанса со убедлива победа да остане во игра за освојување на второто место во групата Б.
Предлог тип: 1-1 & 2+ пол. (2.12)