30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Србија за медалите на Игрите во Париз на спортистите ќе им исплaти речиси пет милиони евра

Србија беше една од најуспешните земји во регионот на Олимписките игри кои вчера завршија во Париз. За освоените медали, Владата на Србија на седница одлучи колку пари вкупно ќе бидат одвоени како награди за најуспешните нивни спортисти.

Машката ватерполо репрезентација, која ја продолжи доминацијата на трети ЛОИ по ред и стигна до златниот медал, ќе добие одлична парична награда. Сите ватерполисти ќе добијат по 200.000 евра, а истата сума е планирана и за селекторот.

За освоениот сребрен медал во таеквондо, Александра Перишиќ ќе добие 100.000 евра, додека членовите на машката кошаркарска репрезентација, која го освои бронзениот медал, ќе добијат по 60.000 евра.

Од претходно се знаеше дека златните олимпијци Зорана Аруновиќ, Дамир Микец и Новак Ѓоковиќ ќе добијат по 200.000 евра. Вкупниот износ што Србија ќе го издвои за успех на своите спортисти на ЛОИ во Париз изнесува 4.780.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести